Ова е најкраткиот лет во светот

Ова е најкраткиот лет во светот

На врвот на Шкотска, жителите и посетителите можат да го доживеат најкраткиот лет на светот, кој во просек трае 90 секунди.

Патот од Вестреј до Оркини островот е долг 2.74 километри, а најкраток забележен лет траел 47 секунди за време на најдобри временски услови. Ова кратко патување е достапно последниве 50 години, а на летот во авионот за осум места може да тргне во било кое време од годината.

Белизе е дом на еден од најкратките летови во светот кој покрива 3,86 километри, поточно дестинација од КејКолкера до Кеј Чапела и патот трае 2 минути.

Некогаш аустриската компанија People’s Air Group продаваше карти за најкраткиот интернационален лет, од Швајцарија до Германија за кој беа потребни 8минути. Летот е откажан рано оваа година поради слабата продажба и високата цена на одржување.