Oukitel произведе телефон кој потсетува на iPhone X

Oukitel произведе телефон кој потсетува на iPhone X

Компанијата Oukitel произведе паметен телефон кој неодоливо потсетува на новиот модел на Apple – iPhone X.

Станува збор за паметниот телефон наречен Oukitel U18, чиј горен дел и екран потсетуваат на iPhone X, додека неговиот долен раб е многу сличен на моделите на Samsung. На страничната страна се наоѓа копче кое е слично со она кое го имаат телефоните на компанијата LG.

HD+ екранот од 5,8 инчи е заоблен, но неговата резолуција изнесува 1512х720 пиксели. Уредот има 1,5 GHz MediaTek осумјадрен процесор, две задни камери од 16 MP и 5MP, предна камера од 13 MP, а го напојува батерија од 4.000 mAh.

Неговата внатрешна меморија изнесува 64 GB, а поседува и 4 GB RAM. Исто така, Oukitel U18 поседува и Face ID технологија за отклучување, а за тој процес му е потребна 0,1 секунда.

За првите 999 купувачи цената изнесува 160 долари, додека стандардната цена на телефонот изнесува 180 долари.