Отворена нова продавница на ЕВРОПА во Skopje City Mall

Отворена нова продавница на ЕВРОПА во Skopje City Mall

Овој викенд, во Skopje City Mall се одржа сладок настан што привлече многу љубители на производите на „Фабриката за задоволства“, АД ЕВРОПА. Повод за настанот беше отворањето на новата специјализирана продавница во рамки на најголемиот трговски центар во Македонија.

Image may contain: one or more people

Голем број насмеани лица ја посетија новата продавница на ЕВРОПА, лоцирана на приземјето на Skopje City Mall и се засладија со производите од #ФабрикатаЗаЗадоволства. За секој посетител имаше сладок подарок подготвен од вештите раце на мајсторите од фабриката, а по повод отворањето во текот на целиот викенд дел од производите од широката палета на ЕВРОПА беа достапни по намалени цени.

No automatic alt text available.

За прекрасната атмосфера на отворањето, придонесоа посетителите од сите возрасти, што е показател дека во производите на ЕВРОПА уживаат сите генерации.

Image may contain: 1 person, standing

ЕВРОПА е една од најстарите кондиторски компании на Балканот, позната по својот квалитет и производи со кои израснаа голем број генерации. Со производство започнува во 1882 како занаетчиска работилница за производство на локум и бонбони, за со текот на годините да го прошири своето производство со чоколади, крем банани, вафли, рум штангли и голем број други слатки задоволства, станувајќи еден од најпознатите и најомилени македонски брендови.

No automatic alt text available.

Следејќи ги модерните трендови, Европа постојано го надградува своето производство и воведува новитети во линијата, па така изминатиот период беа претставени неколку нови производи како што се детската линија на вафли и млечни чоколади „MiNi, чоколатцата со ментол Minti, како и чоколатцата Brixx. Љубителите на чоколади единствено во специјализираните продавници на ЕВРОПА можат да купат ексклузивни темни чоколади од 150, 400 и 1.200 грама.

Image may contain: one or more people and indoor

Посетете ја новата продавница во Skopje City Mall– приземје и откријте ја слатката страна на животот.

Image may contain: one or more people

27749872_713260952215053_5898127814896563970_n