Отворен е првиот нудустички ресторан во Париз

Отворен е првиот нудустички ресторан во Париз

О’Натурел е првиот нудистички ресторан од ваков вид во Франција и се наоѓа во мирно соседство во југозападен Париз, а оваа идеја произлегла од близнаците бизнисмени Мајк и Стивен Сад, пренесува Дејли Меил.

Близнаците претходно работеле во осигуртелна компанија, но тие воочиле можност да заработат повеќе пари во земјата која нуди врвен нудистички одмор.

Овој ресторан може да се пофали со минималистички декор и врвна француска кујна. Гостите можат да вкусат јастог, фоје грас и полжави со сос од магдонос и сето тоа за 57,50 евра за сите три јадења.

Прозорците се покриени со бели завеси со цел гостите да бидат заштитени од надворешната средина. Кога ќе пристигнат во ресторанот, својата облека ја оставаат во гардероберот заедно со мобилниот телефон, за да се спречи фотографирањето на останатите гости.

Во ресторанот обезбедени им се топлинки, а жените, кои се 40 % од клиентите, можат да си ги задржат високите потпетици.

О’Натурел е исклучително топло нудистичко место во ноември, за разлика од останатите 460 во Франција кои се на отворено. Ивс Леклер, претседателот на француската нудистичка федерација, бил воодушевен со идејата да отвори место каде луѓето ќе можат да ја соблечат својата облека за време на вечерата.

“Ние сме во срцето на Париз и јадеме голи. Тоа е нереално. Изгледа исто како да сте на одмор, но уште подобро”, вели тој.