Отсекогаш сакала помлади...

[27.01.2012 - 15:26 часот]

Познатата актерка Деми Мур (49) со само 19 години била во брак со рокерот Фреди Мур кој е 12 години постар од неа, а очигледно е дека уште од тогаш и се допаѓало "младо мевце", па го бакнала Филип Танзини.

Филип Танзини (45) тој весел ден го прославувал својот 15 роденден, а тешко дека можел да се надева на подобар подарок од страсниот бакнеж на тогаш 19-годишната Деми Мур. Бакнежот бил забележан и од камерите.

"Го обожавам. Тој е еден од моите омилени луѓе", изјавила Деми откако завршила со бакнувањето.

Актерката во тоа време веќе била искусна кога станува збор за мажи, бидејќи на својата 18-годишна возраст се омажила за рокерот Фреди Мур.

"Само да знаете дека поради мене, Деми ќе го остави Фреди и ќе се венчаме. Само немојте тој да дознае", се пошегувал Танзини по бакнежот, а Деми рекла дека едвај чека и дополнила дека сепак Мур е нејзината единствена љубов.

Фреди е 12 години постар од Деми, но таа очигледно уште од младите денови се палела на помлади момци, па не можела да се контролира кога го видела Танзини. Во тоа време заедно глумеле во серијата "General Hospital".

Сепак неодамнешниот развод со 16 години помладиот Ештон Качер после шест години брак за неа не помина баш "глатко". Таа заврши во болница и изгледа скршено.

[назад]
Радио МОФ