Откриен еден од најголемите дијаманти во светот

Откриен еден од најголемите дијаманти во светот

Британската рударска компанија Gem Diamonds соопшти дека неодамна ископа дијамант од 910 карати во Лесото, кој веќе се смета за еден од петте најголеми откриени дијаманти.

Дијамантот, ископан од многу плоден рудник Лехсен, може да чини околу 33 милиони евра, рече аналитичарот Бен Дејвис од Либија Капитал.

Според него, дијамантот е од исклучителна чистота и досега најголем дијамант е ископан од рудникот во Лесото, африканска земја која е една од најсиромашните во светот.

Најголемиот дијамант во светот е Кулинан со 3.106 карати, пронајден во 1905 година во Јужна Африка.