Отказ за Зидан ако нема титула за Реал Мадрид

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 06.03.2017 - 14:58

Претседателот на Реал Мадрид нема да се двоуми да го отпушти Зинедин Зидан, ако „кралевите“ не успеат да освојат трофеј на крајот на сезоната, соопштува „El País“.


Перез имал средба со повеќето од членовите на одборот на директори, на кои ја споделил својата одлука.

„Ако Зидан не освои ништо на крајот на сезоната, нема да остане на чело на тимот“, биле зборовите на Перез кон останатите членови.

Реал Мадрид е втор во Ла Лига со бод заостанување од Барселона, но и со меч помалку. Трета е Севиља на два бода од врвот. Во исто време „белите“ се речиси сигурен четвртфиналисти во Лигата на шампионите, по победата со 3:1 против Наполи во првата средба на „Сантијаго Бернабеу“.

Договорот на Зидан со Реал Мадрид е до летото 2018 година.

Зинедин Зидан, кој беше и асистент на Карло Анчелоти во Реал Мадрид, играше како фудбалер за тимот од 2001 до 2006 година, освојувајќи со „белите“ шампионска титула во Примера, Лигата на шампионите, два пати Суперкупот на Шпанија, Суперкупот на Европа и светската клупска титула.