Откачени честитки за Денот на Вљубените!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 06.02.2017 - 21:18

Колку што има луѓе кои го обожуваат Денот на Вљубените, толку има и такви што не можат да ја поднесат целата таа еуфорија исполнета со чоколадни срциња и љубовни честитки. :)

Ама, знаеме дека и хејтерите имаат срце и потајно сакаат да ја покажат својата љубов, а овие откачени и пресмешни честитки се како создадени за таа прилика. На крај на денот, има ли нешто поромантично од тоа некого да успеете да насмеете? :)