Орландо Блум и Селена Гомез фатени во љубовен клинч

Извор: plusinfo.mk | Објавено: 11.05.2016 - 14:35

Пејачката Кејти Пери и актерот Орландо Блум, се неразделни веќе неколку месеци. Иако никогаш не ја признаа јавно врската, двојката често во јавноста разменува нежности, а наводно пејачката веќе ја запознала неговата мајка и синот, кој го има од пропадниот брак со манекенката Миранда Кер.


По Миранда и пред Кејти, Орландо го поврзуваа и со младата Селена Гомез, но гласините со тек на време стивнаа. Сè досега!

Имено, порталот ТМЗ, дошол во посед на фотографии од Лас Вегас, на кои 23-годишната Селена и 39-годишниот Орландо разменуваат нежности и буквално не можат да ги симнат рацете еден од друг.

Сето тоа се случувало во еден ноќен клуб, а Селена во моментот е во „градот на гревот“ поради својата турнеја, која штотутку започна. Орландо таму се затекнал поради момчешката вечер на својот пријател.