Опериран Новак Ѓоковиќ !?

Опериран Новак Ѓоковиќ !?

Според швајцарски Blick,Новак Ѓоковиќ го оперирал лактот со кој имаше големи проблеми.

Швајцарците наведуваат дека српскиот тенисер е опериран во Базел. Наводно порано бил во Прага, но Чешка ја напуштил незадоволен со состојбата во клиниката.Ѓоковиќ, некогаш најдобриот тенисер на светот, поради проблеми со лактот не играл половина година. Оваа година се врати на Австралија Опен, но со новите проблеми со лактот загуби од Кореанецот Хијонг Чунг.
Не сакал на операција бидејќи верувал дека одморот ќе му помогне…
„Мора да пронајдам некое решение на подолги патеки. Не можам повеќе да издржам со овие состојби од денес до утре“ рекол Ѓоковиќ после испаѓањето на Австралија Опен, а решението очигледно била операцијата.
Лекарите после настапот во Мелбурн предупредувале дека кариерата „му виси на конец“ доколку не го реши проблемот со лактот.

Фотографијата објавена на Твитер пред неколку дена сега повеќе ја објаснува состојбата на Новак Ѓоковиќ.