"One Direction" најавија повторно собирање

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 17.02.2017 - 16:04

Нил Хоран, еден од членовите на бендот "One Direction" изјави дека верните фанови не треба да губат надеж, бидејќи популарната четворка повторно ќе се собере.

"Тоа сигурно ќе се случи. Како што кажав многу пати досега, би било глупаво доколку не се собереме повторно", изјави Хоран во интервјуто за австралиската радио емисија "Smallzy's Surgery".

Инаку, бендот од март минатата година е на "пауза", но момците уште тогаш им ветија на обожавателите дека тоа не значи крај на бендот.

Но, фановите се загрижени дека бендот би можел да ја доживее истата судбина како некогаш популарниот бенд "NSYNC", кој во 2002 година најави пауза, а до следниот заеднички настап поминаа неколку години, поточно повеќе од деценија, кога заедно настапија на "MTV Music Awards" во 2013 година.

Нил Хоран, минатата година го објави својот деби соло сингл "This Town", а изгледа дека сите членови на бендот во моментов се попосветени на соло кариерите. Прв бендот го напушти Зајн Малик, на кого соло кариерата му оди најдобро од сите.