Омилениот телефон на сите, Nokia 3310 се враќа на пазарот!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 14.02.2017 - 20:42

Компанијата Nokia реши да ги израдува сите свои фанови на кои им недостасуваше омилениот модел 3310 и повторно да започне со негово производство.

Телефонот кој за прв пат се појави во 2000-та година беше и остана сакан поради својата отпорност и долготрајната батерија, а многумина уште паметат како поминуваа часови играјќи "Змија".

Новото издание на 3310 ќе се продава по цена од 59 евра, а најмногу му се радуваат некогашните носталгични сопственици.

Nokia ќе го претстави својот старо-нов телефон на Светскиот конгрес за мобилна технологија во Барселона кон крајот на овој месец.

Инаку, компанијата Nokia долго се бореше за освежување на брендот во ерата на паметни телефони, за на крајот да заврши со продажба на Microsoft. Меѓутоа, оттогаш се свртеа кон производство на нови верзии на своите стари телефони, како што е Nokia 215, кој чини 29 долари, а чија батерија трае 29 дена.