Tом Хенкс и Мерил Стрип во историска драма “The Post”

Tом Хенкс и Мерил Стрип во историска драма “The Post”

Објавен е првиот трејлер за филмот “The Post” на Стивен Спилберг, во кој главните улоги ги играат оскаровците Том Хенкс и Мерил Стрип.

Во време кога новинарството се наоѓа под обвиненија за лажни вести, првата жена издавач во историјата на “Washington Post”, Кеј Грахам (Мерил Стрип) и уредникот Бен Бредли (Том Хенкс) пробуваат да ги објават т.н. “Pentagon Papers” – политички прикриени настани кои се поврзани со Виетнамската војна.

Со цел да ја расветлат долгочуваната тајна, Кеј и Бен ја ризикуваат својата кариера и слобода. Филмот е инспириран од вистински настани.

Во филмот исто така глумат Алисон Бри, Кери Кун, Дејвид Крос, Брус Гринвуд, Трејси Летс, Боб Оденкирк, Сара Полсон, Џеси Племонс, Метју Рајс, Бредли Витфорд и Зек Вудс. Сценариото е на Лиз Хана и Џош Сингер.

“The Post” пристигнува на 22-ри декември, а светската премиера е закажана за 12-ти јануари.