Оливие Жиру останува играч на Арсенал

Оливие Жиру останува играч на Арсенал

Според последните информации на англиските медиуми, Вест Хем повеќе не се заинтересирани за ангажман на напаѓачот на Арсенал, Оливие Жиру.

Наводно од управата на Вест Хем се откажале од намерата да го ангажираат напаѓачот на „Топчиите“ и сега ќе се насочат кон други фудбалери. Како што пренесуваат англиските медиуми, Славен Билиќ исто таа бил заинтересиран и за фудбалерот на Сити – Ихеаначо кој за 25 милиони евра требаше да го засили неговиот тим, но исто така пропаднал и тој трансфер.

Моментално опциите за Вест Хем се доста скромни, затоа што наводно пропаднати биле и преговорите со Чичарито кој што не бил задоволен од понудената плата.

Сега, кога се во прашање опциите за нападот на Вест Хем, се споменува името на Марко Арнаутовиќ, а повеќе детали би требало да бидат познати во текот на следните неколку дена.