Олимписката шампионка Симон Бајлс за "Sports Illustrated"

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 11.01.2017 - 11:39

Откако минатово лето стана планетарно позната и сакана по спектакуларниот настап на Олимписките игри, младата гимнастичарка Симон Бајлс сега е една од највлијателните девојки во Америка.

Бајлс овојпат ја гледаме во малку поинаква улога - таа заедно со својата колешка Али Рајсман сними секси едиторијал во костими за капење за познатото списание "Sports Illustrated":

Бајлс и Рајсман беа фотографирани од страна на фотографот Џејмс Макари, кој изјави дека "тие две се вистински претставнички на совршениот спој на убавина и цврстина која ги инспирира денешните жени".