Охриѓанецот Џеди Осман во тим со Леброн Џејмс

Охриѓанецот Џеди Осман во тим со Леброн Џејмс

Џеди Осман се најде во центарот на вниманието на американската спортска јавност поради шпекулациите кои е појавија во изминативе денови, а сето тоа доби кулминација денеска напладне откако во Турција почна да се пренесува дека големиот талент постигна договор со актуелниот НБА вицешампион.

Турчинот кој има потекло од Охрид се прикажа феноменално на европската сцена како член на Анадолу Ефес, а со оглед на тоа што беше 31 пик на драфтот во 2015 година, одговорните луѓе на Кливленд го искористија тоа за експресно да стапат во контакт со неговите агенти.

Информациите кои доаѓаат ексклузивно од Турција велат дека Осман ставил потпис на тригодишен договор со Кливленд вреден 8,5 милиони долари, со кој всушност охриѓанецот ќе го оствари својот животен сон да заигра во ист тим во друштво на Леброн Џејмс.