Официјално ги претставија Samsung Galaxy S8 и S8+

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 30.03.2017 - 12:28

Познатиот технолошки гигант вчера ги претстави своите два нови уреда - Samsung Galaxy S8 и Samsung Galaxy S8+.


Новите модели се со димензија 5.8 инчи за Galaxy S8 и 6.2 инчи за Galaxy S8+, како и стакло на Gorilla Glass 5 и на предната и на задната страна, што значи дека новите самсунг мобилни телефони ќе бидат подолготрајни.

Компанијата одлучила овој пат да го изостави физичкото Home дугме, па поради тоа телефоните се со поголем екран и непрекината површина на предната страна. Ново е тоа што двата модели имаат заоблен OLED екран. Во телефоните е вграден првите 10nm чиови во оваа индустрија, што овозможува поолема брзина и ефикасност. Содржат 4GB RAM меморија. Направени се од Samsung Knox, а нудат и сензор за отисок на прст, скенер на око и можност за препознавање на лица.

Освен тоа, имаат WiFi и Bluetooth, наместо MicroUSB содржат USB Type-C port, и соджат 3.5 mm слот за слушалки. Опремени се со 8MP предна камера и 12MP Dual Pixel камера од задната страна.

Телефоните се отпорни на вода и прашина и имаат способност за бежично полнење. Капацитетот на батеријата на Galaxy S8 e 3000 mAh, додека Galaxy S8+ има нешто подобра батерија од 3500 mAh.

Телефоните ќе се достапни во три бои - црна, сива и сребрена.

Во продажба во Европа ќе бидат од 21 април 2017 година.