Одржана трката „Скопје трча 10км“, прв Дарио Ивановски!

Одржана трката „Скопје трча 10км“, прв Дарио Ивановски!

Околу 900 натпреварувачи ова утро го исполнија булеварот Илинден за манифестацијата „Скопје трча 10км“ (Skopje Run 10K).

На „Скопје трча 10км“ во машката трката од 10 километри прв заврши Дарио Ивановски со 30:55 минути, втор беше Муса Хајдари со 32:28 минути, трет беше Атанас Анчевски со 33:48 минути.

Од женските прва беше Греса Бакрачи, со 40:04 минути, второто место го зеде Весна Кираџиева со 41:32 минути и на третото место заврши Биљана Кираџиева со 43:14 минути. Воедно, и 4. и 5. место земаа награди.

Од штафетната трка најдобри беа 091 RUNCRW со 37:20 минути, по нив Pat & Mat со 37:21 минути и трети завршија Liria со 38:24 минути.

По трката и на првите тројца според категорија на возраст од 35 до 44 години, од 45 до 54 години и над 55 години им беа доделени дипломи. Воедно, спонзорите на трката во лотарија доделија подароци на сите кои беа избрани по случаен пат.

Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски Клуб Работнички и Атлетската федерација на Македонија и тие очекуваат „Скопје трча 10км“ да прерасне во традиционален настан.

Генерален покровител на „Скопје трча 10км“ е Агенција за млади и спорт, помогната од официјалните партнери и спонзори. Оваа трка е дел од календарот на Атлетската федерација на Македонија (АФМ) и Европската атлетска асоцијација (ЕАА), а од следната година предвидено е да стане член на Меѓународната асоцијација на маратони и улични трки (АИМС).