Одлични тјунинг верзии на најсилните Golf автомобили!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 15.12.2016 - 21:45

Една од најголемите компании за тјунинг, Oettinger, веќе 60 години работи на автомобилите на Volkswagen, а овој пат се позанимава со триото на најсилни Golf модели.

Имено, тие за сегашните и идните сопственици на актуелните модели Golf GTI, Golf GTD(iesel) и Golf R подготвија комплет на каросериски компоненти кои ќе ги подобрат аеродинамичните карактеристики на автомобилите и ќе можат да се нарачаат преку продажните места на Volkswagen.

За добивање на "зелено светло" од германскиот производител, сите каросериски компоненти морале да бидат тестирани и оптимизирани во воздушниот тунел.

Oettinger овој пат нуди нов преден спојлер, модифицирани облоги на праговите, модифициран заден спојлер и нови задни дифузери за воздух.

Покрај набројаното, Oettinger за моделот Golf R нуди и новоразвиен издувен систем со кој ќе се подобри и онака добрата звучност.