Одбојкарската репрезентација на Македонија на стартот гостуваат кај Унгарија

Одбојкарската репрезентација на Македонија на стартот гостуваат кај Унгарија

Одбојкарите на Македонија денеска ги добија противниците од квалификациите за Европското првенство 2019 година.

Нашата селекција се наоѓа во групата Ф, а по одредувањето на групите ЦЕВ го објави и распоредот на натпреварите. Македонија на стартот ќе гостува во Унгарија, а во последното коло е домаќин на истата селекција.

 

На Европското првенство ќе играат 24 репрезентации, а 12 се веќе познати: Франција, Словенија, Белгија и Холандија, Русија, Германија, Србија, Италија, Бугарија, Чешка, Полска и Турција.

Другите 12 ќе бидат седумте првопласирани од групите, како и петте најдобро второпласирани.