Од видео игрите директно на патиштата! (видео)

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 16.11.2016 - 15:31

Луксузните автомобили од светот на видео игрите досега можевме да ги видиме на тркачките патеки во замислените светови, но овој пат играта "Final Fantasy" го промовираше новиот луксузен модел на спортски автомобил.

Станува збор за автомобилот "Audi R8 Supercar" со кој можете да се возите во светот на "Final Fantasy 15", но наскоро и на вистинските патишта... доколку сте ултра богати!

Моделот со прекар "The Star of Lucius" наскоро ќе се најде во продажба, а ќе биде произведен во "неверојатно ограничена количина", односно ќе биде произведен само еден примерок, па за овој автомобил може да се каже дека навистина е уникатен.

Цената на автомобилот ќе изнесува 469 илјади долари, а промо видеото погледнете го подолу!