Од теренот за кошарка, на модната писта

Од теренот за кошарка, на модната писта

Екатерина Лисина во кошаркашката репрезентација од Русија освои се што можеше да се освои, а сега се префрли на манекенството. Таа е висока 205 сантиметри, а нозете и се долги 132 сантиметри.

„Моите нозе се тоа по што сум посебна и верувам дека ќе успеам во моделингот, бидејќи нема многу манекенки со долги нозе“ – изјави Екатерина чие и стопало е со број 47. Уште од 16 години таа се занимава со кошарка и манекенство, но дојде момент да одлучи – изборот падна на кошарка, но сега е време да се посвети на моделингот.

„Тек на 24 години открив дека сум атрактивна. До тогаш имав атлетско тело, а бев и повисока од сите во генерацијата“ – додаде Екатерина. Таа тогаш родила син и тоа го преобликува нејзиното тело на подобро.