Облините се на цена[20.02.2012 - 12:14 часот]
|
Изгледа дека трендот на преслаби жени да се сметаат за атрактивни дефинитивно заминува во минатото... Имено, за мажите, но и за женте, многу попривлечни се оние жени со заоблени тела, како што се на пример Мерлин Монро, Кристина Хендрикс, Кели Брук и Урсула Андрес, наместо Кејт Мос, Викторија Бекам и Миранда Кер.
Речиси 50 години по смртта, Мерлин Монро продолжува да освојува титули кои што ги "слават" нејзините облини.

Најновата титула е "Топ тело за плажа на сите времиња", а оваа блескава титула постхумно и е доделена по истражувањето на британската модна марка "Debenhams", пренесува "Daily Mail".
Таа се најде на врвот на листата, а покрај неа свое место имаат и ултра слабите ѕвезди како Кејт Мос, Викторија Бекам и Миранда Кер.

Во првите 20 сопственички на најдобри тела се запишаа и Кристина Хендрикс и Ким Кардашијан, благодарение на своето бујно деколте.
"Бујните облини денес се попопуларни од било кога претходно, а очигледно слабоста денес се бара само во рекламите", вели портпаролот на компанијата, Саша Нагалибам.
Мажите, но и жените, се повеќе ги ценат фигурите кои симболизираат женственост, со нагласен струк и облини.

Топ 20 тела за плажа на сите времиња:
1. Мерлин Монро
2. Кристина Хендрикс
3. Урсула Андерс
4. Ким Кардашијан
5. Тулиса Контоставлос
6. Рејчел Велч
7. Хелен Мирен
8. Скарлет Јохансон
9. Ејми Чајлдс
10. Луси Мекленбурх
11. Кели Брук
12. Бијонсе Ноулс
13. Тајра Бенкс
14. Брук Шилдс
15. Ел Мекферсон
16. Ким Катрал
17. Ријана
18. Шерон Стоун
19. Џенифер Анистон
20. Голди Хан
| [назад] |















