Облека која делува професионално

Облека која делува професионално

Најголемиот дел од денот го поминуваме со часови на работа, па затоа треба да вложиме време и напор во изнаоѓањето на облека која делува професионално.

Иако е охрабрувачки да се вклучат соодветните трендови додека сте на работа во вашата канцеларија, но поважно е да поседувате сигурни парчиња кои ја дефинираат вашата гардероба. Откријте ги овие парчиња  кои на секоја работна жена и се апсолутно неопходни, за да можете да бидете сигурни дека секогаш ќе изгледате прекрасно во канцеларијата.

Без разлика дали станува збор за класична кошула од бел поплин или со романтичен изглед, кошулата комбинирајте ја со миди здолниште, структурирана јакна и потпетици.

J.Crew Striped Ruffle Button-Down Shirt

Прекрасен фустан што можете да го носите на работните состаноци и пост-работните часови на пијалок. Изберете миди должина.

Ништо не е посигурно од класично шик палто, кога треба да додадете одредена доза на сериозност. Верзијата со двојно закопчување е најсигурна и најпополарна во моментов.

Црните салонки се закон…кои секогаш мора да изгледаат средено, ако се постари, освежете ги.

Stuart Weitzman Curvia Pumps

Доколку фустаните и здолништата не се ваши омилени парчиња, елегантни панталони надополнети со сако и женствена блуза, ќе направат одлична деловна комбинација.H&M Wide-Cut Lyocell Pants