Објавена е неемитувана епизода од Game of Thrones

“The Spoils Of War”, четвртата епизода од седмата сезоја на серијата Game of Thrones, објавена е на интернет три дена пред премиерата.

Потсетуваме дека тв куќата HBO во понеделникот соопшти дека е жртва на хакерите и на интернет се пуштени неемитувани епизоди на сериите Ballers и Room 104. Наводно на интернет се објавени и пишани материјали од четвртата епизода на серијата Game of Thrones.

Хакерите после нападот ветија дека наскоро ќе продолжат со објавување на сопственоста на HBO на интернет и се чини дека со објавувањето на “The Spoils Of War” го исполнија ветеното.

До сега најкратката епизода во серијата е превземена и прегледана толку пати што во овој момент на првобитниот линк оневозможува понатамошно превземање и гледање.

Хакерите тврдат дека имаат украдено 1,5 терабајти податоци.