Новото Ауди А8 ќе ве остави без здив!

Новото Ауди А8 ќе ве остави без здив!

Германскиот производител Ауди има тенденција да се трансформира во премиум дигитална автомобилска компанија, а новиот А8 кој што беше претставен во Барселона е првиот голем чекор кон таа намера.

Како што велат од Ауди, новиот А8 моментално е без сомнение најнапредниот автомобил на светот. Новата генерација која што денес беше претставена во Барселона, носи некои технологии кои досега не се видени во светот на автомобилите.

А8 пристигнува со технологија за автономно возење од трето ниво и може со помош на напредните камери, радарските, ултразвучните и ласерските сензори, целосно самостојно да вози при брзини до 60 километри на час, а автомобилот може сам да побара слободно паркинг место.

Ова е првиот автомобил на светот кој што е однапред развиен за самостојно возење, а таквите автомобили на Ауди во иднина ќе бидат унапредувани за да можат да возат при сите временски услови, но и при поголеми брзини на автопатите.

Новиот А8 пристигнува со целосно нов систем за управување со „мултимедијата“ со помош на два екрани чувствителни на допир кои што симулираат вистински копчиња преку испуштање на звук и вибраци кои што симулираат клик.

Во поглед на луксузот, целосна новост е тоа што задните седишта покрај класичната масажа, нудат и функција за греење, но и за масажа на стапалата на патниците. Покрај тоа, Ауди А8 доаѓа со најнапредната суспензија досега која што самостојно го подига и го спушта секое тркало одделно, со што овозможува максимална удобност за патниците.

За почеток А8 ќе се продава само со V6 мотори – дизел мотор со 286 коњски сили и бензински со 340 коњски сили, а подоцна ќе пристигнат и V8 моторите (дизел со 435 коњски сили и бензинец со 460 коњски сили), но се очекува и W12 модел кој што засега е непознато со каква сила ќе располага.

Сите овие мотори ќе бидат опремени со таканаречениот Mild Hybrid систем кој ќе му овозможува на автомобилот да крстари со целосно исклучен мотор и ќе има регенеративно сопирање. Секако, тука ќе биде и класичниот Plug In Hybrid со 449 коњски сили.

Новиот Ауди А8 на пазарот се очекува да пристигне на самиот почеток од 2018-та година, а цената на автомобилот засега не е позната.