Новите AirPods слушалки на Apple пристигнуваат во 2018!

Новите AirPods слушалки на Apple пристигнуваат во 2018!

Во текот на следната година компанијата Apple најверојатно ќе ги претстави новата серија на своите бежични слушалки, популарните AirPods.

Според зборовите на водечкиот аналитичар Минг Чи Куо од компанијата KGI Securities, Apple новата верзија на слушалките AirPods на пазарот ќе ја пласира веќе во текот на идната 2018-та година.

Тој очекува новата генерација на бежични слушалки да поседува помали компоненти, но најавува дека истите ќе бидат поскапи од актуелните AirPods слушалки на Apple кои што се продаваат по цена од околу 159 долари.

За разлика од неговите предвидувања кога станува збор за новите паметни телефони, таблети и компјутери на Apple, познатиот аналитичар Куо не откри премногу детали за новата генерација на AirPods.

Сепак, тој откри дека Apple минатата година се соочувале со големи проблеми поради ограниченото производство на бежичните слушалки за кои што имало огромна побарувачка, па идната година американската компанија се подготвува за на вистински начин да одговори на големата потрошувачка.

Според него, продажбата на популарните бежични слушалки AirPods двојно ќе се зголеми и Apple идната година ќе продаде дури 28 милиони бежични слушалки.