Новиот тренд: Носете кармин како да сте се бакнувале со некого

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 19.03.2017 - 13:31

И трошиме време и живци, трудејќи се да ни остане карминот на усните што подолго, но дојде денот кога можеме се да фрлиме и слободнода ја размачкаме шминката по лицето.

Намерно размачкана шминка, која изгледа како да сте се бакнувале со некој со саати, делува интересно на модните писти или едиторијали, но би поминала потешко на работа или на излегување со момче, посебно ако го дочекате со размачкан кармин.

На неделата на мода во Лондон овој изглед, кој го креираше шминкерката Вал Гарланд, предизвика бура на позитивни реакции. "" Девојка која носи ваква шминка излегува во клуб, полна е со самодоверба и обожава да се бакнува", изјави таа за Вог. Додаде и дека ефектот на размачканост го постигнува така што ја размачкува линијата на карминот, коритејќи големи четки, апотоа нанесува сјај за усни, но никако преку линијата на устата.

Ова не е никаква рреволуција помеќутрендовите на убавина и веќе сме виделе ваков начин на нанесување на шминка кај познатите личности. Но дасли ќе стане тренд и кај обичните девојки, проценете сами.