Новиот Nissan Leaf е без кочница?

Новиот Nissan Leaf е без кочница?

Nissan ќе претстави нова верзија од својот електричен автомобил Leaf кон почетокот на месец септември, а со него ќе пристигне и еден чекор којшто би можел да претставува вистинска мала револуција, но и целосна катастрофа.

Овојпат се работи за технологијата е-Pedal, којашто потполната контрола над движењето на возилото ја префрла на само една педала, такашто таа истовремено служи и како педала за гас и како кочница. А за квачилото веќе одамна не се размислува воопшто.

Всушност, кога ќе се притисне педалата за гас, возилото забрзува, а со отпуштањето на педалата не само што се одзима од гаста, туку се ангажираат и кочници. Кога педалата ќе се отпушти, возилото застанува.

Nissan соопшти дека се работи за прв воопшто ваков систем за управување со едно возило само со едната нога, како и тоа дека оваа технологија “покрива 90 отсто од потребите на возењето”.

Тоа секако значи дека за преостанатите десет тука е и понатаму старата добра кочница, а на e-Pedal системот се преоѓа со притискање само на еден тастер.

Во рамките со маркетинг ерата, од компанијата порачуваат дека “возењето со оваа технологија ќе биде поедноставно и повозбудливо”.

Но дали ќе биде тоа навистина така?