Новиот изглед на Џулија Робертс ги воодушеви фановите

Новиот изглед на Џулија Робертс ги воодушеви фановите

Пред крајот на годината, американската актерка Џулија Робертс претстави нова боја на коса која го освежуваше нејзиниот изглед. Многумина велат дека оваа боја е тренд за 2018 година.

Холивудската актерка Џулија Робертс беше забележана пред неколку дена во Њујорк, каде што се снима новиот филм “Ben is back”.

Папараци направија неколку фотографии од сетот, а многумина се воодушевија нејзината трансформација.

Педесетгодишната актерка одлучи да го освежи својот изглед пред крајот на годината, а тоа го олеснува со менување на фризурата, но и со бојата на косата.