Новиот iOS 10.3 со непријатно изненадување

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 29.03.2017 - 14:04

iOS 10.3 стигна и некои корисници веќе ги ажурираја своите Apple уреди на најновата верзија. Но, една работа во врска со овој абдејт корисниците беа непријатно изненадени.

Самото ажурирање на оваа верзија на оперативниот систем се одвива многу споро и покрај тоа што големината на абдејтот е релативно мала 600mb, времето да се инсталира е многу долго.

Главна причина за овој проблем е потполно новиот фајл систем, наречен Apple File System (APFS), кој го заменува поранешниот HFS+ (1998) и HFS (1985). Овој нов систем ќе биде дел од сите нови Apple-ови софтверски платформи, како што се macOS, watchOS и tvOS.