Новата Xperia XA2 е ривалот на Samsung Galaxy A8

Новата Xperia XA2 е ривалот на Samsung Galaxy A8

Компанијата Sony на Consumer Electronics Show саемот во Лас Вегас, го претстави „одговорот“ на Samsung Galaxy A8, а тоа е Xperia XA2.

Станува збор за телефон на Sony кој што може да се каже дека е опремен со просечен хардвер и има „средни“ спецификации, но затоа, неговиот најголем адут е одличната камера.

Xperia XA2 е опремен со задна камера од 23 мегапиксели, додека на предната страна од уредот се наоѓа селфи камера од 8 мегапиксели. Задната камера може да снима видеа во 4К резолуција, додека пак предната камера ќе може да направи широкоаголни фотографии од 120 степени.

Кога станува збор за надворешниот изглед, Xperia XA2 е доста сличен со претходно представените уреди и има подебели рабови на горната и долната страна.