Новата верзија на Nokia 3310 наскоро и во Европа

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 23.04.2017 - 21:22

Од следната недела на европскиот пазар ќе се најде во продажба легендарниот телефон Nokia 3310 (2017).

Станува збор за новата верзија на славниот модел кој многумина го сметаат за најдобар телефон во историјата. Тоа е мобилниот телефон кој е претставен на овогодинешниот конгрес во Барселона MWC кога е кажано дека овој мобилен телефон ќе биде 10 пати побрз, ќе ја има популарната игра Snake и препознатливиот тон на ѕвонење.

Иако не се знае која ќе биде цената, порано било објавено дека цената ќе се движи од околу 50 евра, а има и шпекулации дека во Шведска во понуда ќе биде 3G верзија од 93 евра.

Nokia 3310 (2017) има долготрајна батерија и апликации кои се во склад со модерното време, дисплеј во боја, а играта Snake ќе биде достапна и во склад на Facebook Messenger за сите корисници.