Новата сезона на Куќа од карти без Кевин Спејси

Новата сезона на Куќа од карти без Кевин Спејси

Компанијата Нетфликс соопшти дека наредната година ќе ја снима последната шеста сезона од серијата Куќа од карти, но без досегашниот главен лик на актерот Кевин Спејси.

Тој беше на удар на обвиненија за непримерно сексуално однесување, по што низа на продукциски куќи ја прекинаа соработката со него.

На одржаната конференција за новинарки, потпаролката на streaming компанијата откри дека последната сезона ќе има осум епизоди.

Со снимањето почнуваме во почетокот на 2018 година, но без Спејси – изјави таа.

Серијата ја прати кариерата на американскиот политичар Френк Андервуд, кој го толкуваше Спејси, и неговата сопруга Клер, која ја толкуваше Робин Врајт. Токму нејзиниот лик ќе ја има главната улога во наредниот серијал, со оглед на тоа дека во петата сезона стана претседател на Америка.