Новата реклама на женскиот бренд го слави своето име во сите облици

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 10.05.2017 - 18:05

Dove веќе со години со своите кампањи ја шири свеста за изгледот на "вистинските жени" и ја слави женската убавина во сите облици, големини и бои.

Со својата кампања под името Real Beauty, познатиот бренд ги истражува современите идеали на убавината и нашите ставови и мислења за тоа како би требало да изгледа совршеното женско тело. Своите ставови и идеали овој бренд ги одслика низ новиот дизајн на амбалажи гелови за туширање. Серијата на амбалажи се состои од шест различни амбалажи на гелови за туширање кои ги претставуваат различните типови на женско тело.

Постојат различни верзии на женска убавина, и ако нас не прашувате, овие различности треба да се слават. Вистинската убавина се наоѓа во сето она што не чини посебни и поинакви од другите. Нашиот бренд овој идеал на убавина го промовира повеќе од 60 години - стоеше во изјавата на Dove