Нова планета со можен живот[03.02.2012 - 11:35 часот]
|
Меѓународниот тим на астрономи денес соопшти дека е откриена четврта планета надвор од нашиот сончев систем на која би можело да има живот, а станува збор за планетата "GJ 667C" која кружи околу ѕвездата позната како џуџеста ѕвезда од класата М што зрачи топлина многу помала од Сонцето.
Новата карпеста планета ротира околу својата ѕвезда за 28,15 денови и е 4,5 пати поголема од Земјата и 22 светлосни години оддалечена од неа, а нејзините температури укажуваат на можност за постоење на вода и живот.

Иако во споредба во нашата планета, "GJ 667C" има многу помалку елементи потешки од хелиумот, како што се железото, јаглеродот и силициумот, односно елементите кои го сочинуваат составот на земјените планети, астрономите сепак се заинтригирани од нејзините потенцијали.
Меѓу другите планети кои ротираат околу истата ѕвезда која е дел од системот составен од три небесни тела, би можел да биде еден гасовит џин и една супер-Земја со орбитален период од 75 денови, но за нивната потврда се потребни дополнителни истражувања.
Имено, одредени експерти сметаат дека џуџестите ѕвезди од класата М не можат да имаат планети на кои постои живот бидејќи се премногу слаби и со многу соларни активности кои зрачат смртоносна радијација на блиските планети, но сепак астрономите остануваат оптимисти и се надеваат дека со дополнителните истражувања на атмосферата на планетата ќе ја потврдат теоријата за постоење на вода, а со тоа и постоење на знаци за живот.
| [назад] |















