Нова колекција високи потпетици со потписот на Џенифер Лопез

Нова колекција високи потпетици со потписот на Џенифер Лопез

Една од нашите миленички, заводливата латино дива, Џенифер Лопез и еден од најпознатите дизајнери на денешницата, Џузепе Заноти, повторно се здружија со цел да креираат уште една колекција на високи потпетици.

-Оваа колекција е природна еволуција од минатогодишното деби, вели Лопез за дизајните кои вклучуваат тантела чизми над колено, украсени чизми до глужд и сандали, чија цена ќе се движи од 1400 до 2800 долари.

-Капсулната колекција за есен 2017 го отелотворува истиот уникатен стил, но се развива понатаму. Сите важни проекти во мојот живот се длабоко испреплетени. За пролет, секој стил беше именуван по луѓе кои имаат посебно место во моето срце. За есен, сакав да им оддадам почит на некои од моите омилени улоги од моите настапи на телевизија и филм, додава таа.