Нов трејлер за „Fifty Shades Freed“

Новата година започна со новиот трејлер за трилогијата „Fifty Shades Of Grey“. Тој излезе токму на 1-ви јануари.

Дакота Џонсон во улогата на Анастасија Стил ќе се омажи за Кристијан Греј, кој го глуми актерот Џејми Дорнан. Нови тајни, секс сцени и кавги ќе осамнат во „Fifty Shades Freed“.

Анастасија во овој дел ќе ја видиме во венчаница, но и како се соочува со веста дека е бремена.

Вљубениот брачен пар ќе започне да живее на еден луксузен имот, кој Кристијан го купил за нив, а животниот стил ќе им биде исполнет со приватни авиони и луксузни одмори.

Но, главоболките на Анастасија не сопираат, па таа се соочува со една сексапилна архитектка која флертува со нејзиниот Кристијан.

Третиот дел „Fifty Shades Freed“ ќе биде промовиран на 8-ми февруари.