Нов Тигуан со седум седишта

Извор: Кајгана | Објавено: 06.03.2017 - 15:08

Сместен меѓу стандардниот Tiguan и поголемиот Touareg, Tiguan Allspace ќе нуди модел со седум седишта што на европскиот пазар ќе почне да се продава од септември.


По претставувањето на американскиот и кинескиот пазар, VW сега ја подготвува верзијата за европскиот пазар која пемиерно ќе биде прикажана на саемот за автомобили во Женева.

Tiguan Allspace првите две третини од внатрешноста ги дели со стандардниот Tiguan, а разликата во поголемата каросерија се гледа со поголемите задни врати, но поголемиот поклопец за моторот, за да се прилагоди на поголемата платформа.

Меѓуоскиното растојание на Tiguan AllSpace е зголемено за 109 милиметри, а вкупната должина на автомобилот е зголемена за 215 милиметри. Резултатот на тоа се двете склопливи седишта во третиот ред со кои овој модел може да превезува до 7 луѓе.

Ако се преклопат седиштата во вториот и третиот ред, багажниот простор изнесува 1.920 литри.

Европските купувачи ќе можат да бираат меѓу шесте понудени мотори, а најсилниот од нив располага со 240 коњски сили.

Основниот бензински мотор во понудата е 1,4 литарскиот TSI, а кај дизелите понудата почнува од 2.0 литарскиот TDI мотор со 150 коњски сили. Освен основните изведби, сите други верзии ќе се испорачуваат со погон на сите четири тркала и автоматски менувач.

Почетната цена на овој модел во Германија ќе изнесува околу 30.000 евра, а испораката ќе почне во септември.