Нов моден тренд на шминкање

Нов моден тренд на шминкање

Многубројни шминкери и блогери одлучија да додадат сосема неочекуван детал во рутината на шминкање.

Инстаграм е место на кое се создаваат најубавите, но и најчудните трендови за шминкање. Овој сепак повеќе спаѓа во втората категорија.

Најновиот тренд на Инстаграм се солзите. Да, добро прочитавте, плачењето е во тренд, а шминкањето со вештачки солзи ги преплави социјалните мрежи.

Многу шминкери одлучија да го додадат овој неочекуван моден детал во своето шминкање, а поголемиот дел од нив солзите ги цртаа со сјај за усни.