Нов албум на Здравко Чолиќ, „Ono malo sreće“

Нов албум на Здравко Чолиќ, „Ono malo sreće“

Здравко Чолиќ  го издаде својот петнаесетти студиски албум „Ono malo sreće“ кој е прво заедничко издание на двете најголеми дискографски куќи во регионов – PGP RTS и Croatia Records и од 15ти декември е во продажба.

Пред празнично, Здравко Чолиќ на својата верна публика и поклонува музичка честитка – албумот „Ono malo sreće“, со 11 внимателно одбрани песни.

Песните што ќе започнат со испишување на некои нови антологии проследени се со врвни аранжмани, а заедно со Чолиќ, потпишани се од значајни регионални автори: Момчило Бајагиќ Бајага, Џибони, Златан Фазлиќ, Антонија Шола, Сандра Сагена, Александар Сретеновиќ, Дамир Арсланагиќ, Маја Сар и Мирослав Рус.

Чолиќ на публиката ги пренесува со целосна сила на неговиот уметнички дар, прекрасен глас што освојува, препознатлива харизма и неисцрпна творечка енергија, докажувајќи дека вистинските музички ѕвезди се вечни.

Продукцијата на албумот е со потпис на Никша Братош, долгогодишен соработник на Здравко Чолиќ.
Посебен придонес на албумот дадоа и гостите на истиот – Теодоси Спасов, светски познат кавалист, Матија Дедиќ, Дејан Петровиќ Биг Бенд и Александар Бањац.
Албумот е сниман во РЛС студио, Ново Место и НБ студио, Загреб. Миксот на албумот е изработен во Прага, во студиото Sono Records, во кое меѓу другите се и: David Bowie, Joss Stone, Gypsy Kings, Nazareth, Julian Lennon, Mike Ster. Мастеринг на албумот е направен во Лондон.

Новото CD “Ono malo sreće”, по којзнае кој пат ќе го потврди статусот на Здравко Чолиќ како миленик на публиката и волшебник од чија музичка работилница настануваат вечни хитови, безвременски песни, кои секогаш се проследени со долги и гласни аплаузи.