Nokia се врати на пазарот со два нови телефони!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 14.12.2016 - 16:27

Оние кои се носталгични за старите Nokia телефони сега може да се израдуваат, затоа што на пазарот излегоа два нови модели - Nokia 150 и Nokia 150 Dual SIM.

Телефоните ќе се продаваат по цена од 26 евра, а имаат "моноблок" дизајн, класична тастатура и неколку интересни опции за тој ценовен ранг.

Па така, камерата има блиц кој се користи и како батериска ламба, поддржана е размена на документи преку "Bluetooth", а тука е и влезот за microSD картичка за игри и фотографии, односно видеа.

Телефоните имаат и FM радио приемник кој може да запамти и до 20 радио станици, а слушалките служат како антена.

Ова се првите Nokia уреди откако се разделија од Microsoft, а иако не работат на Android, тие работат на Nokia Series 30+ оперативниот систем.