Њукасл и Бенитез повторно во Премиерлига!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 26.04.2017 - 10:47

Шпанскиот тренер, Рафаел Бенитез повторно во својата менаџерската кариера успеа да промовира екипа во повисок ранг.


По успесите со Екстремадура и Тенерифе во Шпанија успеа и со Њукасл во Англија. Тимот од „Сент Џејмс парк“ експресно се враќаат во Премиерлигата по само една сезона мината во Чемпионшип. Пред шпанските медиуми тој изрази задоволство од постигнатата цел, но и од буџетот со кој ќе располага за освежување на екипата во летниот преоден рок. „Ќе мора да направиме некои корекции во тимот. Премиерлигата е поинаква од Чемпионшип. Затоа ќе имаме околу 70 милиони фунти за трансфери“, истака Бенитез.