Нјаким Гатвеч, убавица наречена “Кралица на темнината”

Нјаким Гатвеч, убавица наречена “Кралица на темнината”

Нјаким Гатвеч живее во Минеаполис, САД и е 24 годишна манакенка од Судан која се нарекува како “Кралица на темнината”, бидејќи е горда на својата потемна боја на кожа. 

Манакенката од Судан била малтретирана поради нејзината боја на кожа, но сега таа е интернационална сензација благодарјеќи токму на нејзниот тен. 24 годишната Нјаким открила дека нејзиниот “Убер” шофер ѝ понудил 10.000 долари за да ѝ ја “обели” кожата, наведувајќи дека нејзиниот тен е нешто поради кое треба да се срами. Додека останатите би биле бесни после овие реченици, Гатвеч едноставно се смеела.

“Зошто да го обелам овој прекрасен меланин кој Бог ми го подарил”, напишала на Инстаграм. “Нема да поверувате каков вид на прашања добивам и какви погледи добивам поради ваквата кожа”.

Во многу места низ светот, темната боја на кожа е непосакувана поради големиот број на предрасуди. И тоа не им помага на жените, особено на оние жени со темна боја на кожа, тие се сè помалку застапени во ТВ сериите и филмовите, списанијата и пистите.

Гатвеч ја редефинира убавината со тоа што воопшто не се грижи што ќе речат луѓето. “Убавината сè уште се набљудува. Моето чоколадо е елегантно, јас тоа го претставувам. Јас престставувам нација на борци, тоа можете да го погледнете во мојата презентација. Мама Африка!”