Nissan X-Trail потполно прилагоден за удобството на кучињата

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 02.03.2017 - 17:00

Компанијата Nissan спровела истражување каде резултатите покажале дека скоро секој сопственик на куче го смета својот миленик за член на семејството, па поради тоа при купување на нов автомобил поголемиот дел би одбрале модел кој има "dog-friendly" карактеристики.

За да ги задоволи нивните потреби, Nissan го претстави новиот модел X-Trail 4Dogs, покажувајќи дека нивниот кросовер е совршен автомобил за целото семејство, вклучувајќи ги и четвороножните членови.

Багажникот на овој автомобил е целосно трансформиран да се прилагоди на потребите на милениците и да им пружа вистински комфорт за две животни.

Сите иновативни функции кои се сместени во 445-литарскиот багажник се дизајнирани внимателно за да обезбедат сигурно и удобно возење на кучињата.

На пример, Nissan X-Trail 4Dogs има сѐ што е потребно за да го исчистите кучето после играта во кал. Најпрво можете да го истуширате со тушот на извлекување, а потоа и темелно да го исушите. Тука е и рампата на лизгање за кучињата да можат лесно да се качат во багажникот.

Внатре кучињата можат да се сместат на удобни кревети и да се послужат со вода од системот кој не истура течности или да земат јадење од "паметниот" дозирач за храна. Сигурноста во превозот е осигурана со помош на појаси со кука.

Додека се возат, сопствениците можат постојано да ги гледаат со помош на "Dog-CAM" технологијата. Овој систем им овозможува на сопственикот и кучето да се гледаат еден со друго преку екраните, а сопственикот може и да разговара со него преку аудиолинк, доколку има потреба да го смири.