Никој не е совршен и со тоа сите ние мора да се помириме – изјави Моника Белучи во топлес издание!

Никој не е совршен и со тоа сите ние мора да се помириме – изјави Моника Белучи во топлес издание!

Италијанската актерка Моника Белучи е добро позната по својата исклучителна убавина којашто се чини дека навистина им пркоси на годините, со оглед на тоа дека е во шестата деценија.

Ѕвездата од филмот “Malèna”, Моника Белучи, оваа година наполни 53 години, но и понатаму важи за една од најзгодните жени на светот.

А дека нејзината убавина навистина не се менува, актерката ни докажа со фотографијата којашто самата таа ја објави на својот Instagram профил.

Се работи за насловната страница за магазинот Elle, којашто Белучи ја направила пред 30 години, кога во потполност гола позирала пред познатиот фотограф Фабрицио Фери.

Убавицата сега решила своите фанови да ги потсети на овој едиторијал, објавувајќи една ваква постара фотографија, нарекувајќи ја ретроспектива.

Инаку, Моника има направено и уште едно интересно снимање за споменатиот моден магазин. Таа пред шест години исто така позираше во топлес издание, кога им испрати силна порака на сите жени ширум светот:

“Немам проблем со своето тело. Во секој случај, никој не е совршен и со тоа сите ние мора да се помириме”, гласела пораката на убавата Италијанка.

Ние само би додале дека навистина, сите вие убави дами, секоја на свој начин, дефинитивно би требало да го примените советот на Моника Белучи!