Нигерија обезбеди виза за Лондон
Кошаркарската репрезентација на Нигерија, предводена од Ајк Диогу, кој постигна 25 поени, ја совлада Доминиканска Република со 88-73 и како третопласирана на квалификацискиот турнир се стекна со право на учество во Лондон.
Претходно, олимписка виза на квалификациите во Каракас обезбедија репрезентациите на Русија и Литванија.

Нигерија е 12. учесник на олимпискиот турнир во Лондон на кој натпреварувањето ќе се одвива во две групи.
Во групата А се: Литванија, Нигерија, САД, Тунис, Франција и Аргентина.
Б групата ќе ја сочинуваат: Русија, Кина, Британија, Бразил, Австралија и Шпанија.









