Незаборавна журка вечерва во клуб Сектор 909

Незаборавна журка вечерва во клуб Сектор 909

 Денска, 14 Јули, во летниот ноќен клуб Сектор по повод 17 години од постењето на музичката продукциска куќа “Баланс” организаторите најавуваат голема полноќна забава.

Познатите диџеи Самоил Радински, Александар Мискоски, Маци, Оги и Томи Бојаџи ќе ја дообојат оваа вечер со своите диџеј сетови.

Промотерската куќа “Баланс” е формирана уште во 1999 година под палката на Огнен Узуновски – Оги заедно со Самоил Радински, Иван Тодоровски и Смилен Димитров. Со самото тоа, оваа група поклоници на современиот електро бит почнаа да исцртуваат нови линии на македонската електронска сцена. Првата забава на “Баланс” се случи во 2000 година со настапот на реномираниот детроитски диџеј Дерик Меј.