Неверојатно добар домашен крем против брчки од само 3 состојки!

Неверојатно добар домашен крем против брчки од само 3 состојки!

Брчките кои се појавуваат под очите се ноќна мора за секоја една жена, поготово во нежниот и деликатен предел под очите, и од тие причини навистина е многу важно тој предел да биде постојано хидриран и добро ухранет, а за тоа не ви требаат скапи креми со штетни хемикалии.

Еве како да направите домашен крем за очи:

Потребни состојки:

1 лажиче кокосово масло

2 капсули витамин Е

3 капки масло од темјан

Подготовка:

Загрејте го кокосовото масло додека да се стопи и ставете го во тегла. Потоа додадете ги капсулите од витаминот Е, темјановото масло и полека мешајте. Добро затворете ја теглата и ставете ја во фрижидер. Кремата употребувајте ја секоја вечер пред спиење.

Зошто е добра оваа крем?

Кокосовото масло одлично ја храни вашата кожа, додека маслото од темјан го спречува стареењето на кожата и е добро за нејзино затегнување. Витаминот Е го стимулира производството на клетки и ја заштитува кожата при сончање.