Неверојатни перформанси на Honor Note 9!

Неверојатни перформанси на Honor Note 9!

Големиот Honor Note 8 беше претставен пред точно една година и, нормално, неговата нова верзија ќе биде најавена во истиот период, една година подоцна..

Сеуште не знаеме дали Honor Note 9 ќе доаѓа со огромниот 6.6 инчен дисплеј на неговиот претходник, но знаеме дека станува збор за edge-to-edge дисплеј без рамки. Уредот ќе содржи и дуален систем камери од 12 мегапиксели, како и голема батерија од 4600mAh, која е и повеќе од потребна, бидејќи Honor Note 9 најверојатно ќе биде најголемиот смартфон на пазарот.

Под хаубата, ќе се наоѓа Kirin 965, подобрената верзија на Kirin 960, која сеуште не е најавена. Процесорот ќе биде придружен од 6GB RAM и 64GB меморија и ќе биде најавен во септември.